Македонските компании што произведуваат мебел годинава може да се соочат со тешкотии и неможност за извоз во земјите од ЕУ ако државата не почне со сертификација на шумите, предупредува организацијата „Поврзување природни вредности и луѓе“ (ЦНВП). Според ЦНВП, земјите од соседството веќе го имаат завршено процесот иако делумно, само на оние шуми што се користат како суровина за производство на мебел. Европската регулатива од март 2013 година налага длабинска анализа на потеклото на секој производ од дрво што се увезува во ЕУ. Оваа постапка не е едноставна и бара голем број податоци и документи од извозникот. Сертификацијата на шумите денес се смета за испробан и тестиран механизам за обезбедување докази за одржливо управување со шумите и им помага на производителите при сигурна достава на производи на пазарите во ЕУ и светот.
Македонските компании што произведуваат мебел годинава може да се соочат со тешкотии и неможност за извоз во земјите од ЕУ ако државата не почне со сертификација на шумите, предупредува организацијата „Поврзување природни вредности и луѓе“ (ЦНВП).
Според ЦНВП, земјите од соседството веќе го имаат завршено процесот иако делумно, само на оние шуми што се користат како суровина за производство на мебел.
Европската регулатива од март 2013 година налага длабинска анализа на потеклото на секој производ од дрво што се увезува во ЕУ. Оваа постапка не е едноставна и бара голем број податоци и документи од извозникот.
- Сертификацијата на шумите денес се смета за испробан и тестиран механизам за обезбедување докази за одржливо управување со шумите и им помага на производителите при сигурна достава на производи на пазарите во ЕУ и светот. Сертификацијата како алатка ја употребуваат корисници и сопственици на шуми и шумско земјиште во целиот свет без разлика на нивната големина. Во Западна Европа половина од шумите се сертифицирани со една од сертификациските шеми достапни на пазарот во ЕУ и светот- наведува ЦНВП.
Kанцеларијата на ЦНВП во Скопје на 25 овој месец организира семинар на кој учесниците ќе ги споделат искуствата и предизвиците за сертификација на шумите во Црна Гора, Албанија, Kосово и Македонија.